Почетна ТехнологијаТетово доби државни пари за водовод и за ограда на реката Пена

Тетово доби државни пари за водовод и за ограда на реката Пена

од nenad
1 минути читај за




Денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ја посети општина Тетово каде оствари средба со градоначалникот Биљал Касами, каде се разговараше за проектите што се доделени на ова општина од страна на Владата и конкретно од Министерството за животна средина. Дел од проектите се во тек на реализација, а за дел од нив постапките се започнати.

Во ова насока, Меџити информираше дека во Буџетот за 2025 година на Министерството за животна средина и просторно планирање за општина Тетово се обезбедени средства за реконструкција на водоводна мрежа с.Порој во вредност од 25 милиони денари и поставување на заштитна ограда на река Пена на незавршениот дел во Тетово со вредност од 9 милиони денари и дополнително од средствата од заемот од Европска инвестициона банка општина Тетово ќе добие 64 милиони денари со кои во текот на 2025 година ќе започне реконструкцијата на доводен цевковод за водоснабдување на градот.

Исто така, од Програмата за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на животната средина и просторно планирање за 2024 година на општината ѝ се доделени нешто над 15 милиони денари за реконструкција и проширување на примарна водоводна мрежа за населба Вонвардарска во Тетово и околу 65,5 милиони денари за реконструкција на доводен цевковод на водоснабдителен систем на град Тетово од извор на Попова Шапка до резервоар во Тетово. Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 140.7 милиони денари.