13
Украинските вооружени сили изгубија уште еден германски тенк Леопард 2 во пограничната област Курск, што беше голема загуба за нив, пишува Билд.
„Горчливиот крај на тенкот Леопард 2 испорачан од Германија во Русија. Освен тенкот, Украина не испрати војници, не употреби сили за противвоздушна одбрана за заштита на борбено возило вредно три милиони евра“, се наведува во текстот која е причината за неславната мисија на нивниот тенк.
По последниот обид за офанзива на украинските сили во руската област Курск, германски тенк остана заглавен во оваа област. Руските Телеграмски канали објавуваат слика од најмодерниот германски тенк „Леопард 2А6“ кој ја доживеа истата судбина како и неговите претходници „Пантери“ и „Тигри“ пред 82 години на истите полиња во областа Курск во Русија.