Ќерките на Саша Матиќ не сакаат претерано да се изложуваат во медиумите, а пејачот во една прилика призна дека не бил присутен на нивното воспитување поради работата и дека ги воспитувала неговата сопруга.
Не ме копираа, тие имаа свое детство, јас мое. Тие пораснале во голем град, според некои други правила. Денес животот е многу побрз, технологијата напредна, социјалните мрежи многу ни помогнаа, но и многу ни одзедоа. Тој што сака да знае, знае што сум имал за ручек, вечера… Тоа е едно од непишаните правила. Јас имав многу побавно детство и живот. Пред дваесет, триесет години и ние децата живеевме побавно. Денес децата живеат така што другар ми ми се пожали дека има десетгодишно дете, а нема време да гледа филм до крај, го однел детето на психолог. Такво е времето денес – изјавил Саша.
Кога се во прашање неговите ќерки, тој веќе не се плаши од ништо.
Мислам дека, што се однесува до тие стравови, јас со тоа завршив. Кога беше најлошо, обично не бев таму. Немаше тешки ситуации, жена ми се снајде, добро се справува и денес. Колку време поминав со моите деца, тие можеа да завршат во воспитно-поправен дом. Можеби ќе ми беше жал да беа поинакви, но фала на Бога, нема за што да жалиме – заклучи пејачот во емисијата „Премиер викенд специјал“.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/sasamatic_official/?hl=en