Почетна Убавина и здравјеТета Виолета ги открива тајните зад Aura и Divine, новите омекнувачи инспирирани од ниш-парфемите – Убавина и здравје

Тета Виолета ги открива тајните зад Aura и Divine, новите омекнувачи инспирирани од ниш-парфемите – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

Што ако омекнувачот за алишта престане да биде само последниот чекор во перењето и стане – мирисен потпис?

Токму тоа прашање ја одбележа ексклузивната вечер во Љубљана, каде што Тета Виолета ги претстави своите два нови Violeta Ultra Intense омекнувачи – Aura и Divine, создадени под силно влијание на светот на ниш-парфимеријата.

На 3 септември, во еден од најимпресивните амбиенти во словенечката престолнина – Љубљанскиот замок – се собраа одбрани инфлуенсери и претставници на медиумите од регионот.

Александар Наков, генерален менаџер на „Колор медиа плус“

 

Но ова не беше класична презентација на нов производ. Беше осмислено како вистинско патување „Behind the Scent“ – зад мирисот, до местото каде што започнува секоја парфемска приказна. И токму таму, зад раскошните ѕидови на замокот, беа откриени дел од тајните што ги прават Aura и Divine поинакви.

 

Кога омекнувачот влегува во светот на ниш-парфемите

Ниш-парфемите не се создаваат за да ги следат трендовите. Тие се создаваат за да остават впечаток, карактер и личен потпис. Тоа е и идејата зад новата Violeta Ultra Intense линија.

Наместо едноставно да понудат пријатен мирис на свежо испрана облека, Aura и Divine се претставени како две различни мирисни емоции – два карактера, две расположенија и два начини свежината да стане дел од личниот стил.

А искуството во Љубљана беше создадено токму за да покаже што се случува пред мирисот да стигне до шишето.

Томас Оброки го откри „невидливиот“ свет зад мирисот

По добредојдето и првите впечатоци од Љубљана, гостите влегоа во посебно уредената Фредерикова соба, каде што следуваше приватното „Behind the Scent“ доживување.

Во центарот на вниманието беше парфимерот Томас Оброки, кој ги поведе присутните зад сцената на создавањето на Aura и Divine.

Беше откриено како се гради една мирисна композиција – од одделни состојки и мирисни ноти, преку нивното комбинирање, па сè до финалниот впечаток. Затоа што зад еден мирис не стои само една состојка. Стои приказна. Стои избор. И стојат месеци работа за секоја нота да го најде своето вистинско место.

Divine крие една од најскапоцените состојки во парфимеријата

Белиот Divine ја носи својата приказна околу една состојка која со векови има посебно место во светот на луксузните мириси – ванилата од Мадагаскар, набавена од етички извори.

Богата, кремаста и топла, ванилата е една од најценетите суровини во луксузната парфимерија. Нејзиниот карактер се поврзува со елеганција, софистицираност и долготрајност.

И токму таа ја гради посебната емоција на Divine.

Нежна, елегантна и свежа – но со топла длабочина што ја прави многу повеќе од обичен мирис на чиста облека.

Aura ја има тајната во францускиот невен

Ако Divine заведува со ванила, Aura својата препознатливост ја гради околу една поинаква ботаничка ѕвезда – францускиот невен.

Етеричното масло од ова растение е ценето во парфимеријата поради своите свежи, зелени и овошни ноти, кои на мирисот му даваат специфичен карактер.

Но Aura оди и чекор понатаму.

При нејзиното создавање е употребена ACTIMOOD® технологијата, која ги истражува врските меѓу одредени мирисни композиции и чувството на свежина, радост и позитивна енергија.

Затоа Aura не е само мирис што се чувствува.


Поврзани објави

Таа е мирис што треба да се доживее.

Две различни емоции. Еден луксузен впечаток.

Токму тука лежи најинтересниот дел од новата линија.

💛 Aura е топла, раскошна и карактерна.

🤍 Divine е нежна, елегантна и свежа.

Две различни мирисни приказни, создадени за различни расположенија и различни личности. А заедничко им е она што веројатно најмногу ќе го забележите кога омилената облека повторно ќе ја облечете: интензивниот мирис што останува.

Violeta Ultra Intense омекнувачите се наменети за до 62 перења, со мирис дизајниран да остане на облеката.

Односно – свежината не завршува со перењето. Таа продолжува со вас.

Вечер под ѕвездите на Љубљанскиот замок

Откако мирисите беа откриени одблизу, вечерта продолжи со гала-вечера во Палатиум салата на Љубљанскиот замок. Таму парфемските ноти се заменија со разговори, впечатоци и дружење, додека панорамата над Љубљана го заокружи целото искуство.

Посебно внимание беше посветено и на деталите – од цвеќињата и мирисните состојки, преку мешањето на горните, средните и базните ноти, па сè до персонализираниот Body Mist.

Затоа што целата идеја на „Behind the Scent“ беше едноставна: не само да го почувствувате производот, туку да ја откриете приказната што стои зад него.

А која е тајната?

Организаторите намерно оставија простор за имагинација.

И тоа можеби е најинтересниот дел од целата приказна. Aura и Divine се инспирирани од светот на ниш-парфемите, но нивната инспирација не беше целосно откриена. Само беше оставена трага. Доволно за да се разбуди љубопитноста.

Доволно за некој да се запраша:

На кој луксузен парфем ме потсетува овој мирис?“

Но одговорот останува скриен. Барем засега.

Нова ера на омекнувачите

Со Aura и Divine, Тета Виолета го поместува фокусот од практичноста кон целосното сетилно искуство. Облеката не треба само да биде чиста.

Таа треба да биде мека, свежа и да има мирис што ве потсетува на нешто лично – на луксуз, на чистота, на добро расположение или едноставно на чувството кога облекувате нешто свежо испрано и знаете дека мирисот ќе остане со вас.

Две мирисни емоции. Две различни приказни. Едно премиум искуство.

И сега останува само едно прашање:

Кој би го пробале прв – 💛 Aura или 🤍 Divine?

 

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: приватна архива, Instagram