01/10/2025 8:05
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО
По повод 1 октомври – Светскиот ден на интелектот, Менса Македонија денес во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии спроведува тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови во организацијата.
Од Менса Македонија известуваат дека е неопходно кандидатите да имаат навршено 16 години, да извршат уплата од 600 денари, да приложат документ за лична идентификација при самото тестирање, од претходното тестирање да имаат поминато најмалку 6 месеци и претходно да не учествувале на повеќе од две тестирања.
“фф/са/Фото: Фејсбук на Менса Македонија”.