Освен што Ковачевски поднесе оставка, во СДСМ по синоќешната седница на Извршниот одбор јасно е само дека отчетниот конгрес и изборот на нов лидер треба да завршат најдоцна до крајот на јуни.Но, партијата е во своевиден правен или статутарен хаос. Прво нејасно е дали и колку конгресни делегати се сега дел од ЗНАМ. А уште поголема е дилемата како ќе се бира новиот лидер. Статутот налага нова регистрација на членовите кои сакаат да гласаат, но проценките се дека тоа може да покаже голема апстиненција на членството.
Редоследот – отчетен Конгрес за (не) доверба, па избор на лидер, би значел дека ќе нема легитимни партиски тела кои би го спровеле изборот на нов лидер.Сите проблеми, тврдат, извори на Телма се од фактот што последните статутарни измени, направени по мерка да ја префрлат апсолутната власт во рацете на екс-лидерот Зоран Заев, сега буквално ја блокираат партијата во следните чекори.