Семејна атмосфера, но и непријатен момент кој за малку ќе се претвореше во несреќа
Пејачката Марија Шерифовиќ моментално ужива на одмор во Мајами со својот син Марио и мајка ѝ Верица, но нивната релаксација замалку ќе се претвореше во голема несреќа. Во својот нов блог, Марија откри дека нејзиниот син го повлекол телевизорот, кој за среќа го фатила во последен момент и спречила да му падне на глава.
Синоќа замалку телевизорот не му падна на глава. Беше прашање на секунда“, раскажа пејачката, признавајќи дека ситуацијата ги преплашила сите.
Во видеото, Марија и Верица одговараа на прашања од фанови, а една од темите беше кого малечкиот Марио повеќе слуша – баба или мама.
Поврзани објави
Не слуша ни еден ни друг. Прави што сака додека не викнам“, рече Верица со насмевка.
Марија додаде:
Кога ѝ реков дека е размазен, ми врати – ‘Не е Маро, само е љубопитен’.“
printskrin Youtube-blic tv