Почетна ЕкономијаНајвеќе се дискриминира на етничка и родова основа, најмногу претставки за работнички права – МАКТЕЛ

Највеќе се дискриминира на етничка и родова основа, најмногу претставки за работнички права – МАКТЕЛ

од nenad
3 минути читај за

Според податоците од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, 11 отсто од претставките се за дискриминација поради политичко уверување. Етничката или националната припадност – најчеста причина за претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сумираните податоци за 2024 година покажуваат дека претставките најмногу се поврзани со правата од работен однос, пишува Порталб.мк. Најголем дел или 66 отсто од потврдените случаи на дискриминација се во јавниот сектор. Новиот Годишен извештај на КСЗД стигна во Собранието – за  усвојување. Причини за дискриминација – одлуки на КСЗД За дури 43 отсто е зголемен просечниот број на поднесени претставки за заштита од дискриминација во 2024 година, во однос на поднесените нови претставки во периодот 2021-2023. Лани во однос на 2023 година бројот на претставки е намален за 22 отсто, но тоа е поради помалиот број на поднесени повеќекратни пријави за исти настани, односно исти дискриминатори. Од вкупниот број на претставки, 27 отсто се однесуваат на дискриминација по етничка или национална основа. Ова се дел од наодите во Годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација. Најчеста основа за дискриминација во 2024 е националната или етничката припадност која е посочена во 109 претставки што е 27 отсто од вкупниот број на претставки  – се наведува во извештајот.