Популарната инфлуенсерка Аликс Ерл одлучи да ги покаже своите несовршености и на сите им порача дека „ние самите сме си најлоши непријатели“ – погледнете зошто.
Девојката која стана една од најпопуларните на социјалните мрежи, инфлуенсерката Аликс Ерл (24), сподели со своите следбеници на Инстаграм како изгледа без трошка шминка и покажа дека повеќе не ги крие акните на лицето.
Иако речиси секогаш се шминка и тоа ѝ се допаѓа, одлучи да оди без шминка на викенд-патување во Њујорк.
Таа не ги криеше своите несовршености на лицето, а патем напиша и подолга порака во која им се обрати на сите и изјави дека „ние самите сме си најлоши непријатели“.
Поврзани објави
Како некој кој се бори со проблематичната кожа уште од средно училиште, шминката отсекогаш ми била безбедно засолниште кога имав потреба да се чувствувам самоуверено и сигурно секогаш кога ќе излезам надвор“, напиша Аликс на Инстаграм.
Таа откри и дека посетила дерматолог за време на престојот во Њујорк и објасни дека најголем проблем е тоа што го шминкала лицето за да го прикрие црвенилото, особено кога одела на вечери или настани. Затоа на патувањето одлучила да заборави на шминката и да ја одмори кожата.
Звучи драматично, но бев ужасно исплашена и чувствував дека единственото нешто на кое луѓето ќе обрнат е мојата кожа. По три дена излегување без шминка, покажувајќи ја мојата вистинска кожа, сфатив дека никому не му е грижа и дека никој не го ни забележа мојот проблем. Вистинската кожа е убава“, додаде таа, нагласувајќи дека ова искуство е ослободувачко за неа и ги повика сите да го следат нејзиниот пример и да не се срамат од своите несовршености.
Фото: Инстаграм