Пејачката беше изненадена со гест кој ја стави рамо до рамо со славни актери, музичари и дури еден претседател
Со спектакуларен настап во Софија, Теа Таировиќ уште еднаш потврди зошто е една од најомилените регионални пејачки. Публиката уживаше во долгото дружење, а пејачката реши да им подари продолжен концерт кој ги воодушеви сите присутни.
Најголемото изненадување ја чекаше во престижниот хотел во кој беше сместена. Таму, на „стазата на славните“, блескаше ѕвезда со нејзиното име – исто како оние во Холивуд. Меѓу претходно врежаните имиња се наоѓаат Бил Клинтон, Џејсон Стетам, Роби Вилијамс и други светски познати личности.
Искрено се израдував на овој гест, тоа е знак на внимание кој ве остава без зборови. Во Бугарија секогаш се враќам со радост, бидејќи енергијата со публиката е посебна,“ изјави пејачката.
Поврзани објави
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
Оваа година Таировиќ бележи рекордни настапи, а публиката со нетрпение го очекува и продолжението на албумот „Аска 2“, кој, како што најави, ќе биде објавен до крајот на годината.
printskrin youtube – BLIC TV – TAIROVIC