Почетна Убавина и здравјеТврди дека ОВОЈ чај е заслужен за нејзиниот совршен изглед – Убавина и здравје

Тврди дека ОВОЈ чај е заслужен за нејзиниот совршен изглед – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Фахрие Евџен воодушевува со својот совршен изглед

Една од најубавите турски актерки, Фахрие Евџен, важи за една од омилените, а има и зошто. Таа има 38 години и изгледа како штотуку да наполнила 25. Во нејзиниот случај, не станува збор за пластични операции – таа го довела својот изглед до совршенство со редовна грижа за своето здравје, но и со здрава исхрана.

Таа се прослави во турската серија „Кога лисјата паѓаат“, каде што ја глумеше Неџла. Тогаш ја освои публиката, а набрзо пронајде среќа и на љубовен план. Имено, таа е во брак со Бурак Озџивит, попознат како Бали-бег од турската серија „Сулејман Величествениот“.

Фахрие редовно вежба пилатес, но и внимава што јаде. Оброците ѝ се контролирани, а некои намирници комплетно ги исфрлила од исхраната. Исто така, таа не јаде по 20 часот и пие околу две литри вода на ден. Интересно е тоа што консумира една напивка, која на многумина нема да им се допадне бидејќи содржи лук, но затоа е исклучителна здрава. Станува збор за чај со ѓумбир, лук, мед и лимон.

Приготвувањето е многу едноставно. Прво, мора да го излупите и изрендате ѓумбирот, па да го сварите во две шолји вода. По пет минути варење, додајте лук, мед и сок од лимон. Кога чајот ќе се олади, процедете го и спремен е за консумација.


Поврзани објави

Поради своите состојки оваа напивка нуди многу придобивки за организмот. Комбинацијата на ѓумбир и лук е позната по својата моќ да го снижи крвниот притисок, што е од суштинско значење за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем. Но ова не е единствената предност на оваа напивка.

Исто така, ѓумбирот се користи за ублажување настинки и зајакнување на имунитетот, а лукот е добар извор на неколку хранливи материи како манган, витамин Б6, витамин Ц, селен и влакна.

Покрај здравствените придобивки, оваа напивка има освежителен и пријатен вкус. Ѓумбирот дава блага пикантност, додека лукот и лимонот му даваат комплексност на вкусот. Медот служи како природен засладувач, правејќи ја напивката вкусна и пивка.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @evcenf