Што мислите вие?Ни се чини дека ништо не може да ја спречи Ким Кардашијан да биде во центарот на вниманието, а кралицата на Инстаграм многупати досега покажала дека за неа не постои лош публицитет, бидејќи врти-сучи, таа на крајот завршува со голема сума пари на банковната сметка.Затоа, се’ што прави мора да се искоментира, а не е исклучок и уредувањето на нејзиниот дом.Имено, неодамна фановите ја осудија Ким Кардашијан за нејзиниот „вкус“ кога е во прашање уредувањето на домот, а причина за ова е нејзината објава со опис:„Работите што ме прават среќна дома“.Старлетата сподели неколку фотографии од својот дом и на една фотографија ја покажа својата спална соба со бели и сиви мермерни ѕидови.На една од фотографиите, таа покажа и како изгледа нејзината дневна соба, која беше украсена со столици и кауч, ќебе и тепих. Поврзани објавиИ сè во собата, вклучувајќи ги и ѕидовите, е во иста боја.„Куќата ти изгледа како да ти е празна душата!“, „Ми беше студено гледајќи го ова“, „Ова е толку депресивна куќа“, „Кимберли, има поудобни поправни установи од ова“, „Ова е самица“, „ Изгледа дека живееш во пеколот, Ким“, „Би се чувствувала како да спијам во мртовечница во таа спална соба“, се само дел од коментарите.Сепак, нејзините 334 милиони следбеници на Инстаграм не се единствените кои ја критикуваат нејзината куќа, земајќи предвид дека бјути-магнатот претходно откри дека нејзината деветгодишна ќерка Норт Вест често го нарекува нивниот дом „грд“.Фото: Инстаграм
Ријалити-ѕвездата објави фотографии од својата куќа – луѓето се шокираа (ФОТО) – Убавина и здравје
84