Почетна Убавина и здравјеТврдење на доктори од Харвард – Убавина и здравје

Тврдење на доктори од Харвард – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Појадокот е оброк што не смее да се прескокнува, а доктори од Харвард наведуваат дека тој мора да содржи хранливи супстанции што ќе му дадат енергија на телото

Доколку секое утро одбирате пекарски производи за појадок, бидете подготвени на последици како дебелеење, недостиг од енергија, замор, раздразливост…

Доктор Моника Техо од Харвард тврди дека палачинките, мафините и колачите воопшто не се добар избор за утрински оброк. Слатките оброци за појадок честопати содржат преработени јаглехидрати и шеќери, додека постојат многу поздрави оброци богати со влакна, протеини и здрави масти.

Тие помагаат подолго да останеме сити и го одржуваат нивото на шеќер во крвта стабилно. Докторката Моника откриле еден од нејзините омилени предлози за појадок. Идеална комбинација е оброк што е здрав, заситува и брзо се приготвува. Доктор Техо јаде појадок од три состојки, во кој главна ѕвезда е нејзиното омилено овошје. Истакнува дека претпочита да користи замрзнато овошје, бидејќи е поевтино и достапно преку целата година. Овошјето е богато со витамини и антиоксиданси.


Поврзани објави

Важно е да се знае кое овошје има низок гликемиски индекс, што значи дека не предизвикува ненадеен скок на шеќерот во крвта. На пример, тоа се јаболката, крушите, портокалите, јагодите, праските, сливите и кајсиите. Од друга страна, бананите и грозјето би требало да ги ограничите, особено ако имате проблем со висок шеќер.

Најдобро е да го комбинирате овошјето со јогурт, кој е одличен извор на протеини и пробиотици. Доктор Моника советува да се одбегнуваат јогурти без масти, бидејќи малата количина на масти може да биде корисна за здравјето.

Здрави масти обезбедуваат и јаткастите плодови, па ваквиот појадок може да се збогати со грст јаткасти плодови или семиња. Доктор Техо најчесто одбира бадеми или индиски ореви.

„Јаткастите плодови се богати со здрави масти и влакна, а покрај тоа, даваат енергија“, заклучува докторката.