Почетна ЕкономијаКамен-темелник за ветерниот парк во Штип идната недела, по одморите дефинирање на приоритетите со „Казанџи груп“

Камен-темелник за ветерниот парк во Штип идната недела, по одморите дефинирање на приоритетите со „Казанџи груп“

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес објави дека е многу веројатно, по завршувањето на годишните одмори, да се одржи средба со управниот тим на турската фирма „Казанџи груп“, со цел да се специфицираат клучните точки по потпишувањето на Меморандумот што беше објавен вчера.

Тој исто така извести дека следната седмица, на 16 јули, ќе биде поставен првиот камен за ветерен парк во Штип, проект што ќе го реализира „Алказар енерџи“.

„По Меморандумот треба да имаме состанок со раководството на „Казанџи“ и да ги дефинираме приоритетите. Очекуваме оваа инвестиција да почне да се реализира.”

Станува збор за когенеративни гасни централи кои истовремено ќе генерираат топлина за потребите на домаќинствата и електрична енергија.

„Можеби до почетокот на одморите е преоптимиситички да се очекува таков конструктивен состанок, но веднаш по нивното завршување очекувам да седнеме и да ги дефинираме приоритетите. Јас лично ќе се ангажирам таа работа брзо да тргне во процес на реализација”, истакна Мицкоски.

Премиерот минатата година во јуни го најави ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ како најзначајна инвестиција во секторот на обновливи извори во регионот, со вредност од над 500 милиони американски долари, која се очекува да создаде 630 работни позиции.

мч/вг/фото: МИА
Извор: МИА