„Татко ми беше новинар, но перфектно свиреше виолина и пееше, а мајка ми беше сопран. Кај нас во куќата постојано се собираа интелектуалци, актери… Одевме во музеи, театри, се воспитувавме на вистински вредности. Затоа сите беа зачудени кога јас отидов на естрадата“, искрена е Сузана, која признава дека поради бројните естрадни ангажмани малку подоцна ја земала дипломата, но сепак успешно го завршила тешкиот факултет.
Покрај богатата кариера, Манчиќ денес ужива во складен брак со грчкиот бизнисмен Симеон Оцококос, редовно одржувајќи релација меѓу Белград и Грција, а неодамна ја оствари и својата најдрага животна улога, стана баба на малиот Мијат, кого го роди нејзината ќерка Теодора.