Почетна СветБрошурата „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во округот на Корча“ претставена на саемот „Филоксенија 2026“ во Солун (ФОТО)

Брошурата „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во округот на Корча“ претставена на саемот „Филоксенија 2026“ во Солун (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Фото: Фејсбук / Васил Стерјовски

Советот на округот Корча и оваа година продолжува со активностите за промоција на туристичките потенцијали на регионот, преку учество на 41. Меѓународен саем за туризам „Филоксенија 2026“, кој од 13 до 15 ноември се одржува во Солун, Грција.

Меѓу промотивните материјали со кои се претставува регионот е и брошурата на Васил Стерјовски „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во округот на Корча“. Публикацијата го афирмира богатото културно наследство и етничката разновидност на заедниците кои се важен дел од идентитетот на овој регион.

Фото: Фејсбук / Васил Стерјовски

Меѓународниот туристички саем „Филоксенија“ претставува значајна можност за промоција на туристичките дестинации, природните убавини, културното наследство и локалните традиции пред бројните посетители и туристичките професионалци од различни земји.

Преку своето претставување, округот Корча има можност да ги афирмира природните богатства, прекрасниот предел околу Преспанското Езеро, културно-историските знаменитости, традицијата и автентичниот начин на живот.

Учеството на вакви меѓународни манифестации придонесува за зголемување на видливоста на регионот како туристичка дестинација, воспоставување нови контакти и создавање можности за привлекување поголем број странски туристи.

Со овие активности, Советот на округот Корча продолжува да работи на афирмацијата на регионот и неговото позиционирање како препознатлива и атрактивна туристичка дестинација.


Post Views: 68

Извор : vesnik-ilinden.com

Брошурата „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во округот на Корча“ претставена на саемот „Филоксенија 2026“ во Солун (ФОТО)