Table of Contents
Готвачот предупредува дека повторното загревање на оризот може да биде опасно по здравјето
Подгревањето на храната е секојдневна навика во речиси секое домаќинство. Остатоците од ручекот често завршуваат во фрижидер и утредента се ставаат во микробранова или на шпорет. Сепак, како што предупредуваат професионалните готвачи и нутриционисти, постојат јадења што никогаш не би требало повторно да се загреваат, бидејќи може да бидат сериозно штетни по здравјето.
Разговаравме со искусен готвач кој работел во ресторани ширум Европа и го прашавме – кое јадење е најопасно откако ќе се подгрее? Одговорот е јасен и по малку шокантен.
Ориз – тивка опасност во фрижидерот
„Луѓето мислат дека оризот е безопасен, но токму тој може да биде најголемиот проблем“, вели готвачот.
Варениот ориз може да ја содржи бактеријата Bacillu cereus, која не е опасна додека јадењето е свежо и правилно консумирано. Но ако оризот:
- се остави на собна температура
- неправилно се олади
- а потоа повторно се подгрева
– бактериите може да произведат токсини кои не исчезнуваат ни на високи температури.
„Кога повторно ќе го загреете таквиот ориз, не ги уништувате токсините – ги внесувате директно во организмот. Тоа е буквално чист отров“, предупредува готвачот.
Симптомите може да вклучуваат мачнина, повраќање, дијареја и силни болки во стомакот само неколку часа по консумацијата.
Како правилно да го чувате оризот (ако баш морате)?
Ако, сепак, го чувате оризот:
- Мора да се олади во рок од еден час
- Чувајте го во фрижидер најмногу 24 часа.
- Подгрејте го само еднаш, и тоа темелно.
Поврзани објави
Сепак, советот на експертите е јасен – најбезбедно е да го јадете оризот само свежо зготвен.
Не е само оризот проблем
Готвачот предупредува дека постојат уште неколку намирници кои не се погодни за подгревање:
Компир
Ако варениот компир се чува на собна температура, може да развие токсини поврзани со ботулизам. Тогаш, подгревањето не помага.
Печурки
Протеините во печурките се разградуваат со стоење и повторно загревање, што може да предизвика дигестивни проблеми.
Спанаќ и блитва
Содржат нитрати кои со подгревањето може да се претворат во нитрити, потенцијално штетни по здравјето, особено за децата.
Затоа рестораните строго ги почитуваат овие правила
Во професионалните кујни важат јасни протоколи:
- одредени јадења никогаш не се подгреваат
- остатоците се фрлаат без размислување
- безбедноста на гостите е поважна од заштедата
„Дома луѓето често грешат, бидејќи не ги гледаат последиците веднаш. Но организмот памети“, вели готвачот.