Почетна Убавина и здравјеРецепт на професионален готвач од Рим – Убавина и здравје

Рецепт на професионален готвач од Рим – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Традиционален десерт со пишкоти потопени во кафе и посипани со какао

Професионалните италијански готвачи многу добро ги знаат тајните на совршено приготвеното тирамису. Ви го пренесуваме нивниот автентичен рецепт за овој традиционален десерт…

Состојки:
  • 500 г маскарпоне
  • 4 свежи јајца (одвојте ги жолчките и белките)
  • 100 г шеќер
  • 300 г пишкоти
  • 2 шолји јако, оладено еспресо кафе
  • какао во прав за посипување
  • прстофат сол (за белките)
  • по желба: 2-3 лажици ликер по избор (Марсала или ликер од кафе)
Приготвување:

Пригответе еспресо и оставете го целосно да се олади. Ако сакате, додајте малку ликер во кафето за дополнителен шмек.

Внимателно одвојте ги жолчките од белките и ставете ги во два посебни сада.

Матете ги жолчките со шеќерот додека смесата стане светла и пенеста (најдобро со миксер или рачна маталка).

Поврзани објави

Внимателно додајте го маскарпонето во смесата со жолчки за да добиете мазен и хомоген крем.

Додајте прстофат сол во белките и изматете ги во цврст снег. Внимателно префрлете ги белките во кремот од маскарпоне, со движења одоздола нагоре, за да не ви спласне смесата.

Брзо потопувајте ги пишкотите во оладеното кафе и внимавајте да не ви се распаднат.

На дното на сад наредете го првиот слој пишкоти, па преку нив распоредете слој крем. Продолжете со истата постапка додека ги потрошите состојките.

Завршете со крем и обилно посипете го со какао во прав низ сито за рамномерна распределба.

Оставете го тирамисуто во фрижидер најмалку 4 часа, а најдобро прекуноќ, за да се соединат сите вкусови и да се зацврсти кремливата текстура.

Пред послужување, по желба додајте уште малку какао. Пресечете на парчиња и послужете.