Потпишувањето на француско-германскиот договор, што начелно беше потврден пред два дена во Брисел како Договор за пат кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, нема да претставува формално признавање на независноста на Косово, но несомнено ќе биде официјално прифаќање на независноста на Косово како политичка реалност, изјави денеска претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ. Тадиќ, кој беше и поранешен претседател на Србија, за весникот Данас изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ во изјавата по средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, прескокнал да претстави некои клучни аспекти од разговорите. Тој се обидуваше да создаде забуна во јавноста и дека полека ги „воведува нашите граѓани во студена вода“, рече Тадиќ. Тој смета дека е трагично што режимот го претставува Заедницата на српските општини на Косово како предуслов за потпишување на овој договор, „создавајќи привид дека тоа е нешто што нашата страна го добива“. На прашањето што добива Србија, Тадиќ одговори дека „доколку се потпише и спроведе ваков договор, не не’ чека нас иднина на донации и решени проблеми, туку иднина на национална фрустрација и уште поголема опасност од конфликти“.
Тадиќот прави забуна, предлогот на Европа е да прифати Косово.
79