Почетна ТехнологијаТАВ Македонија:„Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи“

ТАВ Македонија:„Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи“

од nenad
0 минути читај за

„Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите.

   

Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет“ велат од ТАВ.Од компанијата додаваат дека сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на патниците на најдобар можен начин.