Пејачот Миле Китиќ се отвори за своето семејство и откри интересни детали за ќерките, внуката и сопругата Марта.
Покрај Елена, популарниот фолкер има и ќерка од првиот брак, родена 1973 година, која живее во Лондон.
Морам да ја искористам оваа прилика да кажам дека имам и внука и внук. Мојата внука е една од најдобрите балерини во Европа, работи во Лондон во операта. Од 700 балерини го освои првото место во Европа, доби разни награди и пофалби, а внук ми заврши во Лондон како тапанар“ – гордо изјави Китиќ во емисијата „Цеца шоу“.
Миле нагласува дека не се меша во изборот на песни за помалата ќерка Елена.
Елена си го прави своето. Го чекаме дуетот на Анастасија и Елена. Елена е родена 1997 година, не и се брза. Таа е многу добра, има свој израз и свое пеење. Никогаш не ја охрабрував на нешто, ниту и се мешав во изборот на песни. Мислам дека е важно секое дете да си го најде својот пат и израз во животот, а јас сум тука да го поддржам“, изјави пејачот.
Поврзани објави
Неговата сопруга Марта со години не снимила нова песна, а Миле откри и зошто:
Вниманието го насочи кон Елена, да ја води на вистинскиот пат и успеа. Таа ја исполнува улогата на мајка и ја поддржува Елена во нејзината кариера.
Фото: printskrin Youtube/ Kurir
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: