Почетна Убавина и здравјеЦеца во краток мини фустан покажа како изгледа откако драстично ги намали килограмите

Цеца во краток мини фустан покажа како изгледа откако драстично ги намали килограмите

од nenad
1 минути читај за



Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ привлече големо внимание со своето појавување на концертот на „Магла бенд“, каде се појави во исклучително краток мини фустан со риги, комбиниран со чипкасти чорапи. Пејачката уживаше во настапот од првиот ред, седејќи веднаш до Наталија Јокиќ, сопругата на кошаркарот Никола Јокиќ.

 


Поврзани објави

Цеца не ги штедеше пофалните зборови за настапот на своите колеги, опишувајќи ја атмосферата како „лудило“. Таа особено го истакна талентот и енергијата на вокалот Влада, нагласувајќи дека бендот звучи феноменално и дека со својот квалитет заслужуваат да наполнат десет арени.

Пред почетокот на концертот, фронтменот на бендот, Влада, изрази големо задоволство поради најавеното доаѓање на Цеца. Тој истакна дека поддршката од колегите е секогаш добредојдена и вети дека бендот ќе даде 120 проценти од себе за да приреди незаборавно шоу за публиката.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин