Почетна ТехнологијаСè уште се чека да се раскинат концесиите за малите хидроцентрали во Маврово и на Шар Планина

Сè уште се чека да се раскинат концесиите за малите хидроцентрали во Маврово и на Шар Планина

од nenad
1 минути читај за

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов има склучено договори за концесија за изградба на 42 мали хидроцентрали. Раскинувањето на договорите за концесија на малите хидроцентрали Жировничка 5 и 6 во Националниот парк „Маврово“ сѐ уште не е завршен, а за Рибничка не е ниту почнат. Управата на Националниот парк „Шар Планина“ побарал одземање на концесиите за Пена 84 и 85, но постапката пред да почне ќе треба да се разгледува во Владата. Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во моментов има склучено договори за концесија за изградба на 42 мали хидроцентрали, од кои во заштитени подрачја во моментов се гради само една, Караниколос 80, која е лоцирана во зона на одржливо користење на Шар Планина. Од министерството велат дека во текот на минатата година не е спроведена постапка за ниту една нова концесија за мала хидроцентрала.

Може да ве интересира и...