Водителката Николина Пишек му одговори на својот поранешен свекор Миша Гроф, кој тврди дека неговиот покоен син Видоје Ристовиќ не ја тепал. Таа порача дека не зборува за насилство поради себе, туку за сите жени кои минуваат низ истото.
Гроф претходно тврдеше дека Николина зборува за насилството поради нејзиниот нов вереник. Таа за српските медиуми изјави дека нејзиното признание нема никаква врска со тоа.
„Само ќе кажам дека никому не му е гајле што има да каже на некого, а она што го кажувам не е за мене. Можеби молчев за нив, но сега зборувам во име на сите тие жени кои минуваат низ истите работи“, рекла Пишек.
Поврзани објави
Таа се осврна и на односот на Гроф со неговата внука, поточно нејзината ќерка.
– Само прашај го дали го знае името на неговата внука, во кое одделение е и како е. Тоа е сè. Да видам дали го знае одговорот“, рече таа, а разговорот го заврши со пораката: „А јас сè уште не сум почнала да ја кажувам вистината за нив. допрва ќе почнам – додала таа.
Николина првпат јавно проговори за семејното насилство во поткастот „Клуб на лоши совети“. На прашањето на водителката Миа Ковачиќ дали нејзиниот партнер некогаш ја удрил, таа одговори: „Да, многу пати“. Таа исто така рече дека нејзиниот сопруг ѝ се заканил со пиштол кога сакала да го остави.