Бев безгрижна додека не почнав да се занимавам со оваа работа, а потоа стана турбулентно и напорно…
Сите ние имаме свои желби и планови како би сакале да се развиваат работите, а пејачката Мина Костиќ во една прилика сподели дека претпочита желбите да ги држи за себе.
Имам некои мои планови и желби, но сепак сето тоа го оставив во Божји раце, па нека биде како што Тој планира. Му благодарам и се молам секој ден, тоа е најважно“, нагласи тогаш пејачката.
Мина потврди дека најдобрите и најубавите работи често се случуваат кога најмалку ги очекуваш, а може да каже дека е исклучително среќна и исполнета жена.
И навистина, кога се откажав од се и реков дека не ми е грижа, тогаш се си дојде на свое место.Го живеам животот секој ден, не како последен, туку буквално го живеам секој момент“, објасни таа.
Поврзани објави
За потсетување, Мина никогаш не криела од јавноста дека пораснала во финансиски тешки околности.
Бевме многу, за жал мама и тато веќе ги нема, бевме сиромашни, но среќни. Секогаш имаше музика и пеење, иако никогаш не можев да спијам, бев желна за тоа, но тогаш бев безгрижна и мирна. Бев безгрижна додека не почнав да се занимавам со оваа работа, а потоа стана турбулентно и напорно“, изјави Костиќ.
Фото: printskrin Youtube/HYPE TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: