Милениците на македонската рок сцена „Преку ред“ го снимија и издадоа, својот прв албум насловен „Хаос“. Бендот веќе е прилично популарен и има настапувано на повеќе рок свирки, а веќе се резервирани и најавени на претстојното фестивалско издание на АНДЕРФЕСТ 5.
Албумот „Хаос“ е снимен во студиото 1060, а за аранжманите се погрижија Дени Крстев, Антони Анев, Никола Стојменов, Христијан Тасевски и Марко Станчевски.
Преку Ред е рок бенд од Скопје, формиран во 2019. Членови се Антони Анев (вокалист), Христијан Тасевски (гитарист), Никола Стојменов (басист) и Марко Станчевски (тапанар).
Слушнете го албумот:
https://www.youtube.com/watch?v=videoseries