Почетна Убавина и здравјеСтана баба, а изгледа како тинејџерка – Лидија Вукиќевиќ ги распамети сите со нова објава (ФОТО)

Стана баба, а изгледа како тинејџерка – Лидија Вукиќевиќ ги распамети сите со нова објава (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Познатата актерка во спортско издание го покажа виткиот стас – следбениците не можат да веруваат.

Лидија Вукиќевиќ, една од најпознатите српски актерки, повторно го освои Инстаграм – овој пат со видео од фризерски салон каде што во опуштено, но секси издание ги распамети следбениците. Облечена во стил што го нагласуваат нејзиниот тенок струк, актерката изгледа како фитнес модел, а не како новопечена баба.

Иако неодамна го прослави својот 63. роденден, Лидија Вукиќевиќ зрачи со младешка енергија и изглед што малкумина би го поврзале со нејзините години. Во коментарите под објавата следбениците се прашуваат дали таа воопшто старее.

instagram/vukiceviclidija


Поврзани објави

Неодамна, нејзиниот син Андреј доби ќерка по име Дарја, со што Лидија за првпат се оствари во улогата на баба. Актерката не го криеше воодушевувањето – како од доаѓањето на внуката, така и од новата животна улога која ја исполни со среќа.

И покрај новата титула, Лидија не се гледа како „типична баба“. Таа неколкупати има изјавено дека сака да биде модерна, енергична и присутна во животот на своето внуче – не само како баба, туку и како пример за сила, стил и самодоверба.

printskrin Youtube-hype tv – lidija vukicevic