Почетна ЕкономијаСтратешка средба на Мицкоски и Агелер: САД со нова опрема за поддршка на армијата

Стратешка средба на Мицкоски и Агелер: САД со нова опрема за поддршка на армијата

од nenad
1 минути читај за

   

 

Тој ја потенцираше соработката која ќе следи во партнерството со САД, а се надева дека соработката ќе продолжи и во другите министерства како што е МВР, но и онаму каде што е потребна современа опрема за да може да се одговори на предизвиците. Освен во делот на МВР, тој не го изостави делот за модернизација на управувањето со кризи бидејќи моментално земјата се соочува со голем број на шумски пожари кои не може да се изгаснат поради дефицитот со опремата за гаснење пожар.

 

„Потребни ни се дронови, потребно ни е рано детектирање и превенција за да не дојде потоа до ескалација, а таа ескалација може да доведе до несогледливи последици“, рече Мицкоски. Тој најави оти очекува Владата да се фокусира и на овој тип на „осовременување и модернизација, да не биде тоа само за офанзивни и одбранбени причини, туку да биде и за транспорт, справување со кризни состојби како оваа со пожарите“.