Почетна СветИнфо сесија во организација на УНДП за учество во „Програмата за одржливо земјоделство“ за Преспа

Инфо сесија во организација на УНДП за учество во „Програмата за одржливо земјоделство“ за Преспа

од nenad
1 минути читај за

Утре на 31 јули, во големата сала во општина Ресен, во 10 часот претпладне ќе се одржи инфо сесија во организација на УНДП за повикот за земјоделци од Преспа за учество во „програмата за одржливо земјоделство“.

Оваа активност се реализира во рамките на проектот „ЕУ за Преспа – обнова на природни ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“, финансиран од ЕУ, Delegation of the European Union, Skopje, кој го имплементира програмата за развој на Обединетите Нации.

На инфо сесијата ќе биде објаснет повикот за земјоделци од Преспа, програмата за одржливо земјоделство, како и критериумите за избор на земјоделци од регионот.

Заинтересираните кандидати ќе добијат и информации за потребните документи за пријавување на повикот, како и временската рамка во која може да се пријават.


Post Views:
18

Извор : vesnik-ilinden.com

Инфо сесија во организација на УНДП за учество во „Програмата за одржливо земјоделство“ за Преспа