Почетна Убавина и здравје„Сто пати ми дошло да се убијам“ – Убавина и здравје

„Сто пати ми дошло да се убијам“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



По многу години, пејачката Гоца Тржан отворено проговори за тешките моменти низ кои минувала како самохрана мајка, по разводот со Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена.

Пред неколку дена, Гоца приреди гала-прослава по повод 18-от роденден на својата ќерка Лена. Но зад тој свечен момент се кријат години на самостојна борба и одговорност. Гостувајќи во една телевизиска емисија, Гоца искрено ги сподели своите најлични чувства во врска со мајчинството.

Сите жени кои велат дека мајчинството е благослов… Па, мене ми дошло сто пати да се убијам. Помислував дека нешто не е во ред со мене… Кога ќе речат дека мајчинството е најголемиот дар од Бог – да, апсолутно е дар. Но заедно со божјите дарови често доаѓаат и тешки животни околности кои мораш да ги пребродиш, со кои мораш да се соочиш и да ги надминеш – инаку тие ќе те надминат тебе – искрено рече Гоца.


Поврзани објави

Да потсетиме, пред дванаесет години, Гоца Тржан минуваше низ исклучително тежок период. По четири години брак со Иван Маринковиќ, следуваше дефинитивен развод. Таа се обидуваше да го врати животот во нормала, сѐ до моментот кога во нејзиниот живот влегол Раша Новаковиќ – 14 години помлад од неа – кој успеал повторно да ѝ ја врати насмевката на лицето.

Денес, тие живеат во хармоничен брак.

Фото: Инстаграм