Водителката Јована Јеремиќ повторно ја шокираше јавноста со својата искреност, изјавувајќи дека би можела да му прости неверство на својот партнер – но само под одредени услови.
Јеремиќ, позната по контроверзните ставови и изјави, во една од своите емисии ја отвори темата на неверството, инспирирана од светскиот скандал меѓу пејачката Шакира и фудбалерот Жерард Пике. Иако неодамна соопшти дека ставила крај на речиси двегодишната врска со бизнисменот Драган Станковиќ, таа откри дека причината не била прељуба.
Живеев во илузија… Знаеш како сакаат младите? Мислам на помладите – живеев во заблуда. Те опседнуваат 24 часа, цело време те бараат. Момчиња родени ’94 ми се додворуваат, па и помлади има – раскажуваше таа во емисијата.
Поврзани објави
Јована го изрази својот јасен став за разликата меѓу прељубата и систематското неверство:
Прељуба е кога нешто ти се случи еднократно, од момент на слабост. А неверство е кога тоа се повторува, кога станува навика. Не ја легнал еднаш па продолжил – не се распаѓа бракот поради некоја случајна жена. Но ако ја лажел и бил со неа две години – тоа е веќе емоција. Секс можам да простам, но емоција – никогаш.
Фото: Printscreen Instagram