Table of Contents
Според фенг шуи, замијата не се става каде било, туку постои посебно место за неа во домот
Оваа популарна билка навистина може да привлече благосостојба, но само ако е поставена на вистинското место. Замијата, научно позната како Zamioculcas zamiifolia, има значајно место во уредувањето на ентериерот, благодарение на своите сјајни листови и карактеристична отпорност.
Добро се приспособува на различни услови на светлина и влажност, практична е и естетски привлечна. Но таа е повеќе од обична декоративна билка, таа игра значајна улога во фенг шуи, важејќи за симбол на просперитетот и енергетската рамнотежа.
Ако сакате да донесете замија во својот дом или канцеларија, важно е да знаете каде да ја поставите според оваа древна кинеска филозофија. Според ова верување, секоја билка има енергија што може позитивно да влијае врз околното опкружување.
Замијата особено се поврзува со изобилието и финансиската среќа. Нејзиното присуство симболизира обнова, раст и континуиран развој.
Симболиката на замијата во фенг шуи
Според фенг шуи, билките носат специфична енергија кои се интегрираат со околината. Замијата често се поврзува со финансискиот раст и успех, бидејќи нејзините зимзелени листови се симбол на постојаната виталност. Па затоа, таа е идеална за простории на кои им треба повеќе позитивна енергија и рамнотежа.
Влезот во домот
Влезот е многу важен според фенг шуи, бидејќи тоа е местото каде што енергијата или „чи“ влегува во просторот. Па затоа, поставувањето замија близу вратата помага во привлекувањето добри енергии и филтрирањето на негативните.
Агол на просперитетот
Со помош на Багу, енергетска мапа на фенг шуи, може да се идентификува аголот на просперитетот, кој обично се наоѓа во левиот агол најдалеку од влезот. Ако ја поставите замијата таму, ќе ја зајакнете енергијата на финансискиот раст.
Канцеларија или работен простор
Поврзани објави
Замијата е одличен избор за да се стимулира продуктивност и успех на работа. Покрај тоа што ја разубавува околината, го подобрува квалитетот на воздухот и го намалува стресот.
Дневна соба и заеднички простории
Во заедничките простории, како што е дневната соба, замијата ја поттикнува размената на енергиите помеѓу присутните, создавајќи пријатно и хармонично опкружување.
Места каде што НЕ треба да ја поставувате замијата:
- Спална соба: може да влијае врз одморот поради акумулација на енергијата.
- Бања: дисперзивниот проток на енергијата ги намалува благодатите на билката.
- Отворени простории со интензивна сончева светлина: билката претпочита делумна ладовина и може да страда од директна светлина.
Дополнителни совети за подобрување на енергијата
Уште неколку дополнителни совети кои според фенг шуи можат да ја зголемат „моќта“ на замијата:
- Соодветна саксија: одберете саксии во златни, зелени или земјени тонови, кои симболизираат стабилност.
- Бидете внимателни со сувите листови: отстранете ги пожолтените листови за да спречите блокада на енергијата.
- Положба и висина: чувајте ја билката на сталажа или столче за да ја оптимизирате енергијата.
Доколку ја примените оваа пракса, замијата не само што ќе го разубави вашиот простор, туку ќе дејствува и како силен симбол на просперитетот и хармонијата, збогатувајќи ја средината со позитивна енергија.
ФОТО: Freepik