Почетна Убавина и здравјеПомирување на повидок? Карлеуша објави снимка со Душко и ќерката Ника (ВИДЕО)

Помирување на повидок? Карлеуша објави снимка со Душко и ќерката Ника (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

По долго време, семејна атмосфера во домот на Карлеуша и Тошиќ ги стопли срцата на фановите

Јелена Карлеуша ги изненади фановите со емотивна објава на социјалната мрежа Икс, каде што сподели снимка од својот поранешен сопруг Душко Тошиќ и нивната ќерка Ника, снимена во семејната вила на Дедиње.

На видеото, Душко и Ника учествуваат во традиционалното велигденско „чукање“ со јајца, а Јелена со гордост напиша дека ова е прва година во која Ника конечно победила.

Ника беше убедена дека нема да успее и не сакаше да снимаме, плашејќи се дека ќе објавам и дека „сите ќе ѝ се смеат. Таа сè уште не разбира дека е најпрекрасна и најскромна девојчица, и дека секој што ја запознава вели дека е прекрасно воспитана. Јас сум бескрајно горда“ – рече Јелена.

Објавата предизвика лавина реакции и шпекулации дали ова значи ново помирување меѓу Карлеуша и Тошиќ.


Поврзани објави

Да потсетиме, Ника секоја година е во центарот на вниманието за Велигден, кога често губеше во семејните натпревари и реагираше емотивно. Оваа победа, велат фановите, е симболична и за неа и за хармонијата во семејството.

 Instagram printscreen/karleusastar