Почетна ЕкономијаСтенд ап комедија со Бојан Велевски вечерва од 20 часот во Кисела Вода

Стенд ап комедија со Бојан Велевски вечерва од 20 часот во Кисела Вода

од nenad
0 минути читај за

23/09/2023
ЛОКАЛНО

Вечерва, сабота, 23 септември, со почеток во 20 часот, во паркот „Македонија” (кај домот на култура „Билјана Беличанец”), стенд ап настап ќе има Бојан Велевски, еден од најактуелните комичари кај нас периодов.

Истиот е дел од неговата голема турнеја, најголемата стенд ап турнеја во Македонија, но и дел од стратегијата и заложбите на Општина Кисела Вода за обезбедување квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани. Ги покануваме сите оние кои се расположени да поминат една убава вечер исполнета со смеа и забава да бидат дел од овој настан. Влезници не се потребни. Ве очекуваме!