Почетна ЕкономијаСтапката на невработеност во САД, највисока во последните две години, во февруари се зголеми на 3,9 отсто

Стапката на невработеност во САД, највисока во последните две години, во февруари се зголеми на 3,9 отсто

од nenad
1 минути читај за

Стапката на невработеност во САД се зголеми од 3,7 отсто во јануари на 3,9 отсто во февруари и сега е највисока од јануари 2022 година, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот.

Невработеноста во претходните три месеци беше на ниво од 3,7 отсто. Вкупниот број на невработени во Соединетите Американски Држави се зголеми за 334. 000 месечно на вкупно 6,5 милиони.

Бројот на долгорочно невработени кои бараат работа повеќе од 27 недели изнесува 1,2 милиони и не се промени значително во однос на јануари.

Учеството на долгорочно невработените во вкупниот број на невработени е 18,7 отсто. Стапката на учество на работната сила за февруари е 62,5 отсто. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА