Пејачката Соња Тарчуловска е една од најсилните жени на нашата естрада со оглед на тоа што се помина низ животот.
Деновиве таа објави фотографија од својата мајка со емотивна порака. Таа очигледно била многу приврзана со својот родител.
Како вчера да беше кога си замина, а помина година. Сигурна сум дека си на подобро место. Твоето отсуство изгледа како цела вечност за мене. Како што минува времето не станува воопшто полесно. Иако се навикнав на реалноста, сепак болката не заминува. Секој ден ми недостигаш се повеќе и повеќе – пишува во пораката пејачката.
Поврзани објави
Мајката на Соња почина на 21 јануари 2024 година.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/sonjatarchulovska/