Младоженецот и неговото семејство однапред знаеле за измамата, но намерно решиле да не ја откажат венчавката за да ги покрие сите трошоци семејството на невестата, кое ја финансирало прославата.
Планерите на венчавки во Глостершир, Џорџина и Бет споделија шокантна приказна од нивната кариера за време на појавувањето на подкаст.
За време на една свадбена церемонија која првично изгледаше совршена – со луксузен ресторан, многу храна и пијалоци – младоженецот стана да наздрави. Меѓутоа, наместо вообичаениот говор, тој ги шокираше сите присутни откривајќи дека неговата невеста го изневерила со кумот. Гостите во пликовите што ги добиле нашле експлицитни фотографии од аферата.
Младоженецот и неговото семејство однапред знаеле за измамата, но намерно решиле да не ја откажат венчавката за да ги покрие сите трошоци семејството на невестата, кое ја финансирало прославата. На крајот бракот бил поништен, а секој тргнал по својот пат.
– Подоцна дознавме дека младоженецот и неговото семејство знаеле за изневерувањето на невестата и пред венчавката, но тој намерно направил се за нејзиното семејство да мора да плати за целата свадба, што и го направиле. Дури и кумот платил дел од свадбената сметка. Бракот беше поништен и секој замина на своја страна – додала Георгина.
Оваа приказна стана вирална на TikTok, собра повеќе од 1,4 милиони прегледи и предизвика лавина од коментари за поддршка на измамениот младоженец.