Јован Костадинов (19) од Виница е еден од хероите на трагедијата во Кочани.
Во трагичниот настан животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.
Младиот Јован херојски спасил 21 живот од огнената стихија, ризикувајќи го сопствениот живот. Во моментов тој се наоѓа во болница поради вдишување на чад и неговата состојба е стабилна.
По храбриот потег на младиот Јован, граѓаните масовно се огласија на социјалните мрежи.
Поврзани објави
Тие бараат властите да му доделат највисоко државно признание на момчето, кое самоиницијативно влезе во дискотеката во пламен и ги извлекуваше жртвите на сигурно.
„Тој беше надвор кога избувна пожарот во Пулс. Брзо пронајде вода, ја натопи маицата и влезе низ страничната соба за да спасува“, објави очевидец на Фејсбук.
Голем број објави и сведоштва го означуваат Јован како „тивкиот херој“ кој несебично го ризикуваше животот.
Фото: Фејсбук Принтскрин