Министерот Тошковски ги спомена двата проекти кои беа реализирани со помош на УНДП и се однесуваат на зголемување на капацитетите на полицијата за истрага на местото на настанот и за граничната и криминалистичката полиција и изрази задоволство од иднините проекти и чекори на соработка.
Од страна на постојаниот координатор на ОНН во земјава, Рита Колумбиа беше нотирана високата посветеност на МВР во почитувањето и заштитата на човековите права во повеќе области во делокругот на министерството и конкретните резултати кои го потврдуваат тоа. Двете страни ги разгледаа следните фази во актуелните проекти за поддршка на министерството во делот на зајакнување на системот за форензика и истрага на местото на настанот, поддршка против злоупотребата и користењето на малото и лесно оружје, зајакнување на интегрираното гранично управување и други тековни проекти. Финално беше изразена посветеност за понатамошно интензивирање на соработката на поголем број полиња во иднина.