Министерот за економија Крешник Бектеши денеска имал средба со министерот за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија, Фаисал Алибрахим, на која бил констатиран позитивен развој на односите помеѓу двете земји и се разговарало за можностите за продлабочување на соработката.
-Министерот Бектеши на својот колега, министерот за економија и планирање на Саудиска Арабија, му ги пренесе макроекономските резултати кои ги оствари Република Северна Македонија во изминатиот период како и можностите и потенцијалите за инвестиции во нашата земја, соопшти Министерството за економија.
Двајцата министри се согласиле дека за продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, во наредниот период е неопходно да се потпише договор за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Саудиска Арабија.
Со тој договор, се посочува во соопштението, ќе се постави основа за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји, како и можност за организирање бизнис-форум помеѓу инвеститори и компании од двете земји.
-На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можните полиња за идна соработка со што ќе се интензивира развојот на економските односи помеѓу двете земји, наведува Министерството за економија.
хс/дма/Фото: Министерство за економија .
Извор: МИА