Почетна ЕкономијаСпалети: Да почекаме уште малку пред да го отвориме шампањот

Спалети: Да почекаме уште малку пред да го отвориме шампањот

од nenad
1 минути читај за

Со победата против Јувентус, Наполи направи многу важен чекор кон титулата. Сепак, и во еуфоријата тренерот Лучијано Спалети вели дека „ мора да се почека уште малку пред да се отвориме шампањско“.

„Ова е важна победа на патот до конечната победа, па нормално е играчите да слават. Кога ќе добиете ваков натпревар во судиското надополнување, среќата е уште поголема. Но, мора да почекаме уште малку пред да го отвориме шампањот“, изјави Спалети.

Фудбалерите на Наполи синоќа во Торино го победија Јувентус со 0:1. Елиф Елмас на фантастичен начин го пронајде Џакомо Распадори кој погоди во третата минута од судиското продолжение.

Наполи е прв на табелата со 78 бода, 17 повеќе од второпласираниот Лацио на шест кола пред крајот на сезоната.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Следниот викенд Наполи ќе ја има првата можност математички да го потврди „скудетото“, а 64-годишниот Спалети да стане највозрасниот тренер кој ја освоил титулата во Серија А и да го собори рекордот поставен од Маурицио Сари во 2020 година, кога беше шампион со Јувентус на 61 година.

Текстот Спалети: Да почекаме уште малку пред да го отвориме шампањот е превземен од МАКФАКС.