83
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајцата од Скопје, Џ.Л. и Ф.Б., заради постоење основи на сомнение дека се извршили злоупотреба на лични податоци и измама при добивање на кредит. Пријавените најдоа изгубена лична карта и во ноември 2022 година истите лажно се претставуваат како лицето кое ја поседува картата и пробаат да добијат брз кредит во две различни филијали на финансиско друштво. Овие двајца претставуваат потенцијална опасност за заблуда на административниот службеник да им одобри брз кредит.