По тешкиот период исполнет со борба и неизвесност, за Ефнан дојде моментот што сите го чекаа – да заѕвони на победничкото ѕвонче и да го прослави новиот почеток.
Радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје. Уште едно дете го помина тешкиот пат со болеста, а овојпат најубавиот момент му припадна на малиот Ефнан.
Со насмевка на лицето, Ефнан заѕвони на познатото победничко ѕвонче, симболично оставајќи го тешкиот период зад себе. Звукот на ѕвончето овојпат не бил само звук низ ходниците на клиниката, туку причина за огромна радост кај неговите најблиски и медицинскиот тим.
Од Клиниката за детски болести ја споделија убавата вест и му упатија најискрени желби на малиот херој.
Поврзани објави
Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот херој Ефнан храбро ја помина и ја освои тешката битка“, објавија од Клиниката.
За Ефнан сега следува ново поглавје – исполнето со детска игра, смеа, безгрижни денови и многу убави моменти. Од Клиниката му посакаа пред сè здравје и среќно и безгрижно детство.
Фото: принтскрин ФБ