Почетна Убавина и здравјеИгор Џамбазов ја гризе за стапалото Ивана Кнез, а таа им порача на љубопитните соседи да се консултираат со „најблискиот трач конзулат“!

Игор Џамбазов ја гризе за стапалото Ивана Кнез, а таа им порача на љубопитните соседи да се консултираат со „најблискиот трач конзулат“!

од nenad
1 минути читај за

Модната креаторка и актерот направија необична фотосесија во Дојран, со многу смеа, нежности и провокативни моменти што сигурно ќе ги разбудат љубопитноста и коментарите на соседите.

Игор Џамбазов и Ивана Кнез повторно привлекоа внимание со својата несекојдневна фотосесија. Овој пат, модната креаторка и познатиот актер и шоумен позираа во Дојран, испраќајќи порака дека животот треба да се живее со страст, хумор и без премногу грижа за туѓите коментари.

На фотографиите двајцата се расположени, се смеат и разменуваат нежности, а во еден од кадрите Игор го гризе стапалото на Ивана. Нивната опуштеност и разиграност се во прв план, додека фотографиите изгледаат како сцени од филм во кој главните ликови одлично се забавуваат.

По заедничкото позирање на плажа, овој пат тие направија фотографии и во автомобил. Со насмевки и провокативни пози, Ивана и Игор како да им порачуваат на љубопитните соседи дека имаат многу повеќе причини за забава отколку за грижа околу трачевите.

Стареам со страст, втор дел. Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“, напиша Ивана во описот на фотографиите, заблагодарувајќи му се на Џамбазов што бил дел од фотосесијата.

А потоа, во свој препознатлив, духовит стил, додаде и предупредување:

Пред употреба внимателно прочитајте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите ефекти на овие фотографии консултирајте се со вашата комшика или најблискиот трач конзулат“.


Поврзани објави

Со оваа шеговита порака Ивана очигледно им остави простор на љубопитните да коментираат, додека таа и Игор продолжуваат да уживаат во заедничките моменти пред објективот.

Едно е сигурно – нивната фотосесија е сè само не здодевна, а пораката на Ивана потсетува дека животот може да биде поубав од филм кога ќе си дозволиме да уживаме во него.

Фото: Инстаграм