Почетна Убавина и здравје„Со години го проучувам универзумот и постои само една вистина“ – Убавина и здравје

„Со години го проучувам универзумот и постои само една вистина“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

„Навистина ме интересира дали можеме да пронајдеме докази за живот на други планети во нашиот соларен систем“, истакнала астронаутката Кетрин Бенел-Пег

Астронаутката Кетрин Бенел-Пег го посветила својот живот и кариерата на проучување на универзумот, а моментално е директорка на Одделот за вселенска технологија во Австралиската вселенска станица. Низ годините дошла до бројни интересни заклучоци, па смета дека дефинитивно не постои живот само на нашата планета.

„Некаде таму дефинитивно постојат вонземјани. Мислам дека не се движат меѓу нас, дури и ако понекогаш така изгледа“, вели 39-годишната астронаутка, додавајќи дека неизбежноста за постоењето вонземски живот во суштина се сведува на самиот број ѕвезди што постојат во универзумот.

„Со оглед на размерот на универзумот, мислиме дека постојат некаде помеѓу 100-200 секстилона ѕвезди во него. Тоа е приближно до бројот на зрна песок на сите плажи на Земјата. Сите состојки за живот, молекули и елементи што ни се потребни, најзастапени се во вселената“, додала Кетрин.

„Штотуку почнавме да гледаме егзопланети со помош на вселенски телескопи. А само во последните шест години пронајдовме речиси 6000 егзопланети, односно планети што кружат околу другите ѕвезди (надвор од Сончевиот систем). Многу од нив се наоѓаат во зона која би можела да биде вселива. Едноставно сметам дека исполнети се сите услови за да постои живот таму некаде. Меѓутоа, интересно е тоа што и да постои живот, дали ќе можеме некогаш да комуницираме со нив? Којзнае“, рекла таа.


Поврзани објави

Бенел-Пег потенцирала дека со оглед на размерите на она што би можело да се крие во вселената, најљубопитна е за можноста да пронајде живот блиску до дома, односно близу Земјата.

„Навистина ме интересира дали можеме да пронајдеме докази за живот на други планети, внатре во нашиот сончев систем. Ги бараме на Марс и штотуку почнавме да ги бараме на природните сателити на Јупитер, за кои сметаме дека имаат течна вода под замрзнатите кори. Би било интересно да се дознае дали тој живот има иста генеза како кај нас или поинаква, што би значело дека веројатно има живот во изобилство ширум универзумот“, заклучила таа.

ФОТО: Nicolas Lobos / Unsplash