Почетна СветСочувство од г.г.Анастас, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј

Сочувство од г.г.Анастас, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј

од nenad
1 минути читај за

Неговото Блаженство Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија г.г. Анастас испрати писмо со сочувство за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост.

До

Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски
Господин Стефан

Блаженејши брате,

Со длабока тага ја примивме веста за преминувањето кон Господа на нашиот сакан брат, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој со љубов, мудрост и смирение му служеше на народот што му беше доверен од Господа.

Изразувајќи го нашето топло сочувство, молиме Господ Исус Христос, Воскреснатиот од мртвите, да ја успокои неговата душа „на место светло, на место блажено, на место мирно.“

Секогаш со братска љубов во Него,

† Анастас
Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија


Post Views:
82

Извор : vesnik-ilinden.com

Сочувство од г.г.Анастас, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј