Table of Contents
Ова руско племе живее во необични услови
Жителите на најкрајниот Север, како што се Чукчите, претставуваат пример за адаптација во најтешките можни услови. Имено, тие со векови преживувале во студени услови, развивајќи уникатни обичаи и традиција, кои станале составен дел од нивната култура.
Приспособувањето на Чукчите во тешките услови се манифестира во сите области од нивниот живот. Носат облека направена од кожа од ирвас, имаат изолирани живеалишта што се нарекуваат јаранги и нивната исхрана се заснова на месо од ирваси и морски цицачи, кои им овозможуваат да ги издржат екстремните температури.
Но покрај материјалните аспекти, важна улога играат и духовните радиции. Шаманизмот, кој е составен дел од нивната култура, им помага на луѓето да се поврзат со природата и да се справат со предизвиците. Ритуалите и церемониите поврзани со ловот и другите витални активности, им помагаат на Чукчите да се чувствуваат како дел од целината и да најдат поддршка во тешките ситуации.
Чудните обичаи настанале како резултат на приспособувањето на тешките услови, па затоа играат важна улога во опстанокот на народот.
Отпорност на студ
Поврзани објави
На температури од -50 степени Целзиусови можат слободно да излезат надвор без облека, да си играат на снег или да ги извршуваат домашните обврски. Жените работат на улица, без да стават капа. Оваа неверојатна адаптација на екстремни услови е за восхит и покажува колку се способни луѓето да се приспособат и на најтешките услови. Излегло дека Чукчите имаат трајно оружје против студот – посебни гени! Американските истражувачи откриле дека овие гени им помагаат да ја претвораат масната храна во дополнителна топлина.
Статусот на жената во племето
Семејствата што се состојат од родители и вонбрачни деца кои живеат во еден стан сега се типични. Со сексуални активности обично се почнува пред брак и жените кои станале мајки, а не се во брак, воопшто не се изложени на осуди. Статусот на жената во традиционалното општество на Чукчите бил инфериорен во однос на статусот на мажот. Нивниот статус се подобрил во 20. век како резултат на советските политики за сексуална еднаквост, а жените сега работат како учителки, докторки и администраторки.
Размена на жени
Чукчите имаат уште една интересна традиција – „пријателство со сопругата“. Мажите можат привремено да си ги разменат жените за да го зајакнат своето пријателство. И никој не е љубоморен. Имало обичај „пријателот по жена“ да оди на гости кај својот пријател во неговата номадска куќа и да му ја остави сопствената жена, а да ја земе неговата. Живее неколку месеци со сопругата на својот пријател, потоа му ја враќа на сопругот, а некогаш ја задржува и трајно.
Сите членови на тие големи семејства се третираат меѓусебно како роднини, се грижат еден за друг, а децата растат како браќа и сестри.
Интересно е што ако мажот умре, неговиот брат е должен да се ожени со вдовицата. Така, се гарантира дека жената ќе биде згрижена и по смртта на мажот.
ФОТО: Принтскрин Пинтерест