Софија Вергара знае кое парче најдобро ја истакнува нејзината става
На финалето на 20-тата сезона на американската верзија на шоу-програмата „Јас имам талент“ во Пасадена, Софија Вергара покажала зошто со децении е синоним за гламур на црвениот килим. За овој настан, Софија одлучила да облече прекрасна комбинација со корсет во преден план.
Софија Вергара носела корсет со срцевиден изрез и нагласени карнери околу половината. Уште на прв поглед, внимателно скроените детали создале ефект на затегната и дефинирана силуета, правејќи ја нејзината фигура уште поженствена и поскладна. Темните нијанси на виолетова и зелена дале доза на раскошен гламур, додека изборот на црни, широки панталони предизвикал софистициран контраст со горниот дел на комбинацијата.
Посебна завршница на целото издание му дал накитот, дискретен, но доволно впечатлив за да ја поткрепи елеганцијата на целиот стајлинг. Овој избор не е изненадување за оние што го следат стилот на Вергара, бидејќи таа често се одлучува за кроеви кои го нагласуваат струкот и ги истакнуваат облините.
Поврзани објави
Софија Вергара не освојува само со модните избори. Паралелно со успехот во светот на телевизијата, последниве години се афирмира и како претприемачка. Со сопствениот бренд за нега на кожата „Тоти“, што го лансира во 2023 година, активно се залага за инклузија во индустријата за убавина.
Иако знае да стега и да биде неудобен, корсетот не е лоша опција ако сакате визуелно да ја истакнете ставата. На целосниот стајлинг сличен на оној на Софија Вергара, може да додадете и сако за поголема доза на елеганција – изглед што ќе го привлече сечие внимание.
ФОТО: Инстаграм