Почетна Убавина и здравје„Голите фустани“ се во мода, ќе се изненадите како оваа Македонка го носи овој светски познат тренд Проѕирното е во мода, па и меѓу нашите дами

„Голите фустани“ се во мода, ќе се изненадите како оваа Македонка го носи овој светски познат тренд Проѕирното е во мода, па и меѓу нашите дами

од nenad
1 минути читај за

Познатата скопјанка се појави на една забава и со ова свое издание го украде шоуто, но и многумина истави без здив. Нашата Петровска на една забава на Миконос пристигна во поприлично дрско издание со кое го украде шоуто.

Инстаграм/ Наташа Фигурела

Таа на забавата на овој познат грчки остров и овој пат покажа „малку“ кожа, но и својата црвена долна облека.

Наташа овој пат носеше потполно проѕирен фустан од мрежа, а целото издание го заокружи со елегантна фризура и суптилна шминка, додека креацијата беше необична, но со скромни детали – ¾ ракави и висока јака, заради што и косата ја носеше подигната.

Инстаграм/ Наташа Фигурела

Потсетуваме, за многу слично вакво провокативно издание, само во црна боја, во моментов зборува целиот свет.

Инстаграм/ Наташа Фигурела

Инстаграм/ Наташа Фигурела

Станува збор за проѕирната креација со која Дакота Џонсон се појави на еден настан, а како изгледаше, погледнете во продолжение:

Фустанот на холивудската актерка беше од црна тантела, за разлика од оној на Наташа, а и останатите детали беа малку поразлични.

Но мора да признаеме дека и двете дами изгледаат прекрасно во ова издание, за кое навистина е потребна храброст.

Па, која од овие две дами ви изгледа поубаво во ова издание кое во последно време се почесто го гледаме во светот на познатите?

 

Инаку, станува збор за таканаречени „голи фустани“, а само неколку часа пред Дакота сличен фустан носеше и Маргот Роби.