Иако на ТВ секогаш насмеана, пејачката во приватност важи за резервирана и затворена, тврдат соседите.
Иако на малите екрани изгледа ведро и расположено, пејачката Вики Миљковиќ во секојдневието оставила сосема поинаков впечаток кај соседите од „Београд на води“. Тие велат дека таа ретко комуницира и дека избегнува средби без шминка и во опуштено издание.
Вики е овде со години, ама ретко се меша со луѓето. Кога ќе ја сретнеме, најчесто ја спушта главата и брза понатаму. Луда е, како да ѝ пречи кога некој ќе ѝ се обрати,“ раскажува една соседка.
Слично мислење имаат и други станари кои додаваат дека најчесто ја гледаат со синот Андреја, додека сопругот Ташке често е сам.
Поврзани објави
Не е злонамерна, ама делува ладно и дистанцирано. Тешко е да каже и едно ‘добар ден’,“ објаснува сосед.
Сепак, иако им делува воздржана и недостапна, сите се согласуваат дека Вики води мирен семеен живот, далеку од скандали, и дека токму затоа се издвојува од дел од своите колеги.
printskrin youtube – republika – viki miljkovic